Татко и скоро се шлогирал?! Рада му ја спасила главата на Харис: Земал 45.000 евра од рентаџии за коцкање, па изгубил се

10.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко и скоро се шлогирал?! Рада му ја спасила главата на Харис: Земал 45.000 евра од рентаџии за коцкање, па изгубил се

Рада Манојловиќ иако нема обврска да го финансира својот дечко, на Харис Берковиќ наводно му го спасила животот со тоа што му дала огромна сума пари да го врати долгот на рентаџии.

Пејачот наводно се впуштил во коцкање и упаднал во големи проблеми, па поради секојдневни закани кој ги добивал се и признал на Рада.

“Харис прокоцкал 45.000 евра, со што позајмувал каде ќе стигнел. Земал пари и од рентаџии и сите пари од настапи ги давал за коцкање. Рада забележала дека тој има некој проблем, но не знаела дека е до таа мерка. Се затворал дома и никаде не излегувал. Во почетокот мислела дека ја изневерува, а потоа случајно на неговиот телефон прочитала заканувачка порака, и дека ќе го запалат ако не ги врати парите“ вели добро информиран извор за Свет, пренесуваат некои медиуми.

“Тогаш Харис отворено разговарал со Рада објаснувајќи и дека е во голем проблем. Таа прво се скарала со него, му раскинала, и му рекла дека е непромислен маж, но емоциите преовладале со што му помогнала. Таа со години одвојува пари, да се обезбеди себеси и семејствиото. Но кога слушнала дека станува збор за 45 илјади евра не и било сеедно. Му поставила ултиматум, ако уште еднаш се коцка става точка на нивната врска. Харис ветил дека ќе и ги врати парите, но таа не го очекува тоа од него, битно и е такви работи да не се повторат. Иако се обидела тоа да го скрие од својот татко, не успеала. Кога дознал за малку да се шлогира, почнал да плаче и да се фаќа за глава. Тоа е една од причините зошто не го сака Харис. Љубовта знае да биде слепа, но жал му е што неговата ќерка се мачи. Пее по цел свет, а потоа парите со кои можела да купи стан, ги дала на дечкото кој ги изгубил на коцкање“, рекол изворот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата