Скандал во скандалот: Ангеловска лажеше дека не забранила комуникација со Димитриеска-Кочоска, документ ги демантираше нејзините лаги

9.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал во скандалот: Ангеловска лажеше дека не забранила комуникација со Димитриеска-Кочоска, документ ги демантираше нејзините лаги

Скандал во Министерството за финансии. Министерката поставена од СДСМ, Нина Ангеловска им забранила на вработените да комуницираат со дополнителната заменик-министерка во техничката Влада, Гордана Димитриеска-Кочоска. Поголемиот скандал е што Ангеловска ја демантираше информацијата за забрана за комуникација, за да на крај испадне дека некој лаже.

Што реално, се случувало во министерството?

Вистината е, пишува Курир, дека со цел да прави опструкции, Ангеловска дури назначила и лице преку кое ќе се одвива комуникацијата со Димитриеска-Кочоска и нејзиниот кабинет. Ваквото нејзино самоволие наиде на остри осуди, па Ангеловска побрза да се оправда, но нејзиното оправдување беа лажни тврдења.

„Секоја комуникација и барања упатени од дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на секро/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министер“, пишува во дописот.

Со ова Ангеловска ги принудува вработените во МФ на непослушност, односно да не ги примаат наредбите од дополнителната заменик-министерка Димитриеска-Кочоска без претходно таа да ги одобри.

Со ова, всушност вработените се принудени да прават кривично дело, а од друга страна, се саботира работата на Димитриеска-Кочоска.

Во согласност со Законот за Владата и Пржинскиот договор, дополнителниот заменик-министер за финансии е изгласан од Собранието и тој има врзан потпис со министерот.

Индикативно е што дописот на Ангеловска доаѓа во време кога постојат сериозни сомневања за работата на Министерството за финансии, за распределба на буџетските средства за предизборни поткупи. Што и да сака да сокрие Ангеловска заобиколувајќи ја Димитриеска-Кочоска, претставува кривично дело, а нејзиниот потпис го прави ништовен, зашто од 3 јануари ниту еден документ потпишан од Ангеловска нема моќ ако го нема потписот на нејзината заменичка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата