ХОРОР: Пронајдена мртва жена во близина на манастир – ПОЛУГОЛА И БЕЗ ПРСТИ (ФОТО)

8.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХОРОР: Пронајдена мртва жена во близина на манастир – ПОЛУГОЛА И БЕЗ ПРСТИ (ФОТО)

Четириесет годишна жена чие тело е пронајдено на Божиќ, длабоко во шумата зад манастирот во Беочин кај Нови Сад, сè уште не е идентификувано ниту завршено обдукција, а можноста дека таа е жртва на монструозен слочин досега не е исклучена.

Полицијата и форензичарите биле вчера на местото на настанот каде е пронајдено телото, а се дознава дека жената била пронајдена полугола, а телото осквернавено.

Трупот го откриле минувачите одејќи по шумата и веднаш ја известиле полицијата и брзата помош. Телото беше во тревата, без долна облека и прсти. Сепак, засега е утврдено дека нема видливи повреди на телото од нож или огнено оружје, што не ја исклучува можноста животните да јаделе од телото.

Полицијата ги прибра сите потребни докази и ги испрати на анализа па се очекува наскоро да бидат дознати сите околности околу смрттта на жената.

Полицијата исто така проверува дали е пријавено исчезнување на жената, но како што дознаваат медиумите во Србија досега не било пријавено ниту едно исчезнување на жена од околината на Беочин, па се претпоставува дека се работи за жителка на Нови Сад, бидејќи во околината на манастирот нема куќи.  

Според српските медиуми во тој реон често се собирале нарко зависници бидејќи никој ниту ги гледа навечер ниту ги слуша. Според тоа уште една претпоставка е дека можеби жената била нарко зависник или доколку е убиена не се исклучува можноста да настанала тепачка помеѓу зависниците.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата