Замина фудбалската легенда: Почина Драгослав Шекуларац-Шеки

6.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Замина фудбалската легенда: Почина Драгослав Шекуларац-Шеки

Легендарниот фудбалер на белградска Црвена звезда Драгослав Шекуларац, кој е роден во Штип, почина денеска во Белград. Популарниот Шеки беше еден од најдобрите дриблери во историјата на бившојугословенскиот фудбал. Играше во средниот ред.

Тој беше стандарден член на фудбалската репрезентација на бивша СФРЈ и во тоа време негов најдобар поединец.

Шеки одиграл 41 натпревар и постигна шест голови за репрезентацијата на Југославија. После инцидент во игра што го доведе до две години казна, неговата кариера заврши ненадејно. Тој беше чест гостин во Македонија, а во родниот Штип има негова спомен-биста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата