Исповед: Дали згрешив што се чував за ПРВАТА БРАЧНА НОЌ

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исповед: Дали згрешив што се чував за ПРВАТА БРАЧНА НОЌ

Колку религијата и општеството влијаат врз одлуките поврзани со нашиот живот? Дали сметате дека сите ваши одлуки се базираат врз јавното и наметнато мислење?

Одговорите на овие прашања сигурно ќе ги пронајдете во оваа исповед на една девојка која се обврзала кон Бога, кон себе, кон фамилијата и пријателите, дека ќе ја зачува својата невиност до првата брачна ноќ.

Но, тоа не излегло онака како што таа си замислувала:

„Кога наполнив 10 години, заедно со група девојчиња, дадовме завет во нашата црква дека ќе ја зачуваме невиноста до првата брачна ноќ. Имав само 10 години и моите најдобри другарки беа куклите. Јас сѐ уште ја немав добиено својата прва менструација и немав поим што е секс.

Црквата ме учеше дека сексот е за венчаните луѓе, а за сите останати тој претставува грев. Научив дека секоја девојка мора да остане чиста за својот сопруг и ќе му го подари целото тело и душа.

Верував во сето она што ми го зборуваше црквата. Сите од мојата фамилија па сѐ до моите пријатели знаеја дека се чувам за првата брачна ноќ и црквата беше воодушевена од мене. Повеќе од една декада ја „носев" својата невиност како чест и како најголем трофеј.

Кога го запознав моето момче, кој сега ми е сопруг, му кажав за мојот мал завет и тој секако ја прифати мојата одлука како таква. Бевме заедно цели 6 години пред да стапиме во брак.

Се случуваше по некогаш да ме допре за градите или да ме гледа додека се облекувам и често се прашував каде е линијата, бидејќи не сакав да ја преминам.

Мојата невиност ја изгубив на мојата прва брачна ноќ, во еден хотел. Си помислив, ете се случи и тоа, јас сум добра христијанка. Но, сепак нешто недостасуваше.

Јас не се почувствував како да сум направила нешто божествено. Не почувствував ништо христијанско во тој миг.

Кога се вративме дома, не можев никого да погледнам во очи. Сите знаеја дека мојата невиност повеќе ја нема. Моите родители, мојата црква, соработници...сите!

Повеќе не бев посебна, се чувствував како да изгубив дел од мојата личност.

Повеќе не можев да имам секс со мојот сопруг, се чувствував валкано и подло, едноставно не уживав. Чекањето не ми даде среќен крај, туку ме остави без сексуален живот.

Губењето на невиноста значеше многу повеќе, како да верував целиот живот во нешто празно, бесмислено, нешто лажно, предводена од наметнато мислење.

Веќе не одам во црква ниту пак верувам во некоја религија. Потполно бев скршена и во депресија. Според моето искуство, можам да ви дадам вреден совет:

Ако сакате да чекате до првата брачна ноќ за да имате секс, бидете сигурни дека тоа го правите единствено бидејќи вие така сакате. Телото е ваше и ви припаѓа вам, не на вашата црква. Вашата сексуалност е само ваша работа. "

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата