ФУНКЦИЈА ПО СЕKОЈА ЦЕНА = НЕМА ДАТУМ ЗА СЕВЕРНА: Министерката Дескоска се кандидираше за член на Венецијанската комисија

25.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФУНКЦИЈА ПО СЕKОЈА ЦЕНА = НЕМА ДАТУМ ЗА СЕВЕРНА: Министерката Дескоска се кандидираше за член на Венецијанската комисија

Министерката за правда, Рената Дескоска вечерва објави дека се кандидирала за постојан член на Венецијанската комисија, откако на сегашниот член, Тања Каракамишева ќе и истече мандатот.

- Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам за целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското. Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија… Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација…, напиша Дескоска.

Но, правниците не го делат мислењето на министерката. Според нив, станува збор за класичен судир на интереси.

Десковска ќе биде единствена министерка – актуелен член на некоја влада во Комисијата.

Според правилата и практиката на комисијата членовите се независни експерти а се избираат од редот на “искусни професори, особено од полето на меѓународното право, членови на врховниот или уставните судови или членови на националните парламенти”.

Никаде во правилата на Комисијата не пишува дека активен министер може да биде нејзин член, велат извори во комисијата кои се уште не се информирани за оваа одлука и не сакаат да веруваат дека по Законот за јазиците македонската влада ќе влезе во ново скандалозно однесување кон телото на Советот на Европа.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата