Мечот меѓу ПСЖ и Амиен заврши со победа на парискиот тим со 4:1 со која се зацврсти на чело на табелата во Лига 1. Но тоа не е ни многу важно, затоа што еден момент го одбележа овој натпревар. Едно детенце им избега на обезбедувачите и трчаше низ цел терен за да стигне до Килијан Мбапе. Го прегрна и не го пушташе. Мбапе им кажа на обезбедувачите да го остават насамо со детето кое извади од јакната книгата „ Ultimate Football Heroes“ која се однесува на Мбапе и зборува за неговата кариера и побара од фудбалерот да му ја потпише.

Мбапе се согласи и му ја исполни новогодишната желба на младиот навивач.