Кралицата на кокаинот, Чочоровска ВО ОДБРАНА НА актерката Силвија Стојановска и НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (ФОТО)

20.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кралицата на кокаинот, Чочоровска ВО ОДБРАНА НА актерката Силвија Стојановска и НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (ФОТО)

Станислава Чочоровска, на која своевремено од српските медиуми и беше даден епитетот „Кралица на кокаинот“, синоќа се стави во одбрана на актерката Силвија Стојановска. Таа без да наведува имиња на социјалните мрежи и порача на јавноста да не носи предвремени судови.

Чочоровска вели дека била среќна што не дишела ист воздух со македонскиот мендалитет и ги нападна граѓаните дека како хиени ја нападнале Стојановска. 

Триесетдневен куќен притвор синоќа и беше определен на актерката Силвија Стојановска откако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Дел од медиумите јавија дека Стојановска е приведена во врска со заплена на поголема количина дрога. Неофицијално, Стојановска била уапсена во врска со заплена на 700 килограми кокаин во Шпанија, а била логистичка подршка на В.Б. и неговиот брат, кој живее во Мадрид.

Чочоровска беше осудена на повеќегодишна затворска казна која ја одлежа во затворот „Идризово“.  Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор

Вредноста на дрогата запленета на Блаце  беше 92 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата