Понеделнички

Дедо мраз за возрасни

15.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дедо мраз за возрасни

Кога се виде дека со незаконски снимања и туѓи телефонски разговори може да се земе власт, сите тргнаа да снимаат, па денеска секој од секого се плаши, бетер е и од времето на комунизмот. Тогаш беше важно да не се истрчаш против Тито, УДБА и партијата, денеска мораш да се пазиш од сите.

СДСМ еднаш успеа да земе власт со објавување туѓи разговори, без победа на избори, без програма, и добија влада без законско гласање за избор во Собрание, па се обидуваат по стоти пат повторно да владеат со помош на незаконски снимки. По новите пет-шест криминали фатени за само една недела, тргнаа да вртат внимание на тоа кој кого ебел, и се околу таа тема интересна за бадијалџии, продавачките во бутици и тетките во сметководство. Последниот случај е снимањето на Орце Камчев, кафански разговор помеѓу четворица седнати полупијани на астал во Бугарија, од кои едниот е близок соработник на Вицето.

Зошто овој разговор од август се појавува токму сега? За да се заплаши Орце Камчев и другите сведоци. За да се тргне вниманието од податокот дека во рекетот како помагател на Боки 13 учествувал и министерот Венко Филипче, како и да се забошоти фактот за близината и домашното пријателство и поддршка од Радмила Шекеринска за Боки 13 и Катица Јанева. За да не се истражува и јавно реагира за лажниот стечај на Топлификација и фактот дека Заев и другарите со рускиот олигарх Лебедев од стечајот заработиле 200 милиони евра. Паралелно, повторно се врши масовна закана кон судиите да соработуваат со СДСМ.

Снимките ги направил, и им ги дал на Заеви, човек кој е под истраги во време кога се води постапка против него и член на неговото семејство за давње поткуп на Катица Јанева. Не рекет, поткуп, бидејќи за атер на Заев тие платиле а не признале дека Боки и Катица им барале рекет. Наредниве денови, најмногу недели, откако ќе завршат сведочењата против Боки 13 и Катица Јанева ќе има и правна завршница за овој случај на давање поткуп. Се брзаат, за Апелација да решава за овој предмет пред изборите во април.

Снимките не се целосни, туку се селективно сечени. Во снимките се оцрнува Зоран Милевски Кичеец дека, според кафанските оговарања, наводно имал секс за пари со Боки 13, па патем се наведува и цената за тоа. Дали случајно е избрано токму ова што нема врска со политика, со судскиот процес против Боки 13, ниту со јавен интерес? Секако не. Боки 13 на суд покажа дека и не е така глуп како што изгледа, дека ќе се брани себе и по цена да повлече други кои соработувале со него во калта во која се наоѓа, а кои сега се прават наивни. Сетете се, Заев се обиде да го понижи Боки 13 и неговите постапки кога изјави дека нема да дозволи еден педер да ја урне владата. Е па, ако е педер не е глуп да загине за Заев.

Да не заборавиме, пред судот се очекува и сведочење на Зоран Милевски Кичеец, кој е под контрола на обвинителката Вилма Рускоска, а не на СДСМ. Неговото сведочење може да биде прилично болно за Заев и за неколку министри и функционери од СДСМ кои срамежливо, дури сега, признаваат дека имале повеќе “службени средби со него“. Очигледно, нема дил помеѓу Кичеец и СДСМ. Кичеец е свесен дека е сам, дека оставен на себе може да се спасува само со изнесување факти, а тие факти го плашат Заев. Пораката му е: ќе те урнеме до темел, ќе ти уништиме и фамилија, и иднина и се што имаш. Тоа е метод на СДСМ кој многумина од нас го осетиле на своја кожа. Кога нивниот интерес е загрозен, газат и по деца, и по фамилии, и по егзистенција, и по судии... по се.

Бидејќи долги години ги познавам и Орце Камчев а и Зоран Милевски Кичеец, можам да кажам дека ништо битно не објавиле. Орце ужива да шармира со кафански муабети па понекогаш губи контрола на забавата, а Кичеец е мачо мен кој немал ниту една причина да заработува од секс со Боки 13. Доволно е богат и влезен во бизниси да живее добро и без тие ризични перверзии. Боки за тие потреби има дружба со Мачак, како и со некои лица што беа во телевизијата. Патем, никој не забележа дека на судењето на човекот од доверба на СДСМ, професорот Бобек Шуклев, сведочеа дека барал секс или 1.000 евра од студентки да положат испит. Кај него сексот бил дупло поскап, затоа што е доктор на науки.

Изваден е дел во кој новинарот Бранко Геровски се прикажува како платен извршител на олигарсите. Тоа е спотер план за да се намали влијанието на скандалот Рекет кој, барем формално, тргна од неговото пишување. И Геро, циција каква што е, е богат човек. Има пет стана, пристоен портал, возрасни деца кои полека стануваат самостојни и нема причина на овие години да ризикува статус на кол герла, и пишува за пари по нарачка. Такви он деманд новинари барајте меѓу помладите, невладините и очајните. Фрчко ви е модел за тоа.

И да заклучам. Среќа голема е што истрагите околу Рекет се под американска контрола, што наскоро треба да има избори па има се повеќе новинари, обвинители и судии кои се осмелуваат да работат слободно, без страв од одмазда на Заеви, СЈО и Фамилијата. Да не е така ова немаше ни да се отвори. А за другите криминали како Диамед, РЕК Битола, Рашкоски, новиов рекет на Заеви за плац во општина Аеродром, за стечајот на Те-То, авионите за спасување за која услуга на Жути треба да му се платат 72 милиони евра, за тендерите на Пуцко Петрол и на Роштиљ, за кражбата на ФЕНИ, за Анѓушев... има време. Со новата власт тоа само по себе ќе си дојде на ред. Или, и таа власт ќе мора да замине предвреме.

Сите дигнаа раце од Заеви и Фамилијата, од нивниот “економски совет“ и кланот судии и обвинители. Дури и Бојко Борисов. Сред целата мака и кошмар на СДСМ Бугарија токму сега им тури нов камен за под глава: признајте дека не постои македонски јазик, и дека Македонците се Бугари. Ако речат да, и го потврдат она што две години го зборат со Бугарите во заднина, политички се мртви и пред избори. Ако речат не, ќе им испорачаат од Бугарија некои документи, некои бизнис проекти на Вице и некои снимки од кои ќе им застане здивот. Да не заборават, Бојко и Вучиќ владеат со политиката на Балканот.

Затоа Заев не вика ни да, ни не. Ќе разговарале со Бојко после Нова година за тоа, а нему мандатот му завршува на 3-ти јануари. Ќе си праат приватен муабет. Онаа метузалемска сподоба Таки Фити, таткото на мрачната транзиција заедно со Тито Беличанец и Јане Миљовски, кој досега беше шеф на МАНУ, се пофали дека имал одлични односи со бугарската академија која написмено ни достави дека не го признаваат ни јазикот ни македонската нација. Демек, според Таки Фити, важно он со нив си го има мубаетот, а тоа за јазикот и нацијата не е тема.

Ни министерот Никола Димитров нема што да каже на ова негирање на нацијата. Важно тој и Пендаровски да им учинат на Албанците, косоварите, дека не ја признаваат Нобеловата награда на Петер Хандке затоа што во босанската војна ги поддржувал Србите. Друже, ти направи кариера со полтронство и кај Љубчо, и кај Груевски и кај Заев... Па, која е твојата одговорност за нивната политика. Патем, и премеирот на Британија, Џонсон, како новинар во бомбардирањето на НАТО, 1999 година, ги бранеше Србите. Пиши му дека не го признаваш за премиер.

Врв на лицемерие е кога Пендаровски, при посета на манастирот Бигорски изјави: Ако не ги почитуваме корените, нема да имаме иднина. Тоа го кажа човекот кој, со Заев и Димитров, стои зад откажувањето од АСНОМ, насилната промена на уставното име, бришењето на нација и јазик, соработка со албанско подземје само за да добие власт. И после, ете зошто мора му се бута на Бојко со “Кај си љубави...“ а овој му врти грб како да е шутрак на кој му дал да му ја препаркира колата.

Спремајте елки и поклони. Ако вие верувавте во подобар живот со Заев, не им се потсмевајте на децата кои веруваат во Дедо Мраз. За разлика од вас, децата нешто и ќе добијат за празникот.

(16.12.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата