Игор Џамбазов и Весна Петрушевска СО ОДГОВОР НА БУГАРСКАТА ПРОВОКАЦИЈА (ВИДЕО)

12.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Игор Џамбазов и Весна Петрушевска СО ОДГОВОР НА БУГАРСКАТА ПРОВОКАЦИЈА (ВИДЕО)

Популарниот шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм профил во негов стил ги демантираше Бугарите кои тврдеа дека македонскиот јазик непостоел.

Како не постои, вели Џамбазов. Еве ви го…

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

За македонскиот јазик...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Освен Џамбазов предизвикот го прифати и актерката Весна Петрушевска Бејби која исто така им го покажа јазикот на нашите соседи.

Инаку вчера на пладневната седница Бугарската Академија донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв – дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Бугарската Академија на Науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата