НА МАЖИТЕ ОТКАКО ЌЕ РАСКИНАТ СО ЕМИНА НЕ ИМ Е ЛЕСНО: Турскиот милионер замина да се лечи во Австрија

10.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НА МАЖИТЕ ОТКАКО ЌЕ РАСКИНАТ СО ЕМИНА НЕ ИМ Е ЛЕСНО: Турскиот милионер замина да се лечи во Австрија

Раскинувањето на Емина Јаховиќ со Садетин Сарана ги наполни насловните страници на турските таблоиди, особено затоа што се појави информација дека самата пејачка изјавила дека „точно е дека се е веќе готово“.

Во продолжение се вели дека на милионерот му било многу тешко да се справи со новата ситуација и затоа заминал во Австрија.

Според локалните медиуми, тој таму се лекува од депресија, а на својот Инстаграм, во една од најновите фотографии, тој напиша:

„Нашите животи се исти како и околината во која се наоѓаме“.

„Садетин поголемиот дел од времето го поминува покрај езерото и покрај базенот. Тој ја посети истата клиника кога се разведе од сопругата“, изјави добро информиран извор за турските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата