СТРАШНО: Дупка на патот ПРОГОЛТА АВТОМОБИЛ, сообраќајот во колапс (ФОТО)

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО: Дупка на патот ПРОГОЛТА АВТОМОБИЛ, сообраќајот во колапс (ФОТО)

Знаев дека нешто ќе се случи затоа што улицата по малку паѓаше секој ден, но ова навистина ме шокираше. Колапс во сообраќајот, автомобил пропадна во дупка на патот, а брзата помош го однесе возачот, напишал читател на 24сата.

Друг читател напишал дека пред да пропадне автомобилот поминал камион, а потоа возачот на Опел Астра кој со својот автомобил пропадна во дупката. Се направи кратер длабок два метри и широк речиси три метри велат од Загребската канцеларија за итни случаи.

„Најпрвин ги видов воздушните перничиња, а подоа и возачот кој не ми изгледаше дека е тешко повреден“, вели читателот

Според него, автомобилот се срушил со предните тркала, додавајќи дека очекувал нешто слично да се случи затоа што градските власти морале постојано да интервенираат по патот.

„На секои десет до 15 дена доаѓаат да копаат бидејќи цевките за вода постојано пукаат. Не е ни чудо што се случи ова. За среќа, никој не беше повреден“, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата