ОД КОГА ДАНСКА Е ТУРЦИЈА и од кога Ново Нордиск произведува сомнителен инсулин?

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОД КОГА ДАНСКА  Е ТУРЦИЈА и од кога Ново Нордиск произведува сомнителен инсулин?

Од кога тоа Ново Нордиск произведува сомнителен инсулин и од кога тоа Данска е всушност Турција? Документите тоа го говорат, а Министерството за здравство и СДСМ ваквите документи не ги негираат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и министерството за здравство очигледно се многу нервозни за откривањето на аферата ИНСУЛИН.  Фатени во скандалот кај уништиле што огромни количини инсулин со валиден рок до 6 и 7 месец 2020 година сега се обидуваат невешто да се правдаат со флоскули, лаги и манипулации, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ и Министерството за здравство треба да и одговорат на јавноста и на пациентите зошто се уништени количини на инсулин со валиден рок од светски познатиот произведувач Ново Нордиск од Данска чија вредност се мери во милиони.

Рокот на инсулинот истекува 2 години по производството, според светската пракса, што значи дека токму во време на СДСМ се набавувала оваа количина инсулин имајќи во предвид дека уништениот инсулин имал валиден рок до 6 и 7 месец 2020 година Кој утврдил дека оваа количина инсулин е за уништување и притоа го одобрил тоа, наместо да биде дадена на пациентите? Кој ќе ги сноси последиците за оваа милионска штета? Нервозата во СДСМ и министерството за здравството е разбирлива. За ова ќе треба порано или покасно да дадат одговори , но и да понесат одговорност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата