Ако погодокот со пета на Луиз Суарез беше она што го одбележа првото полувреме од мечот меѓу Барселона и Мајорка, тогаш до крајот сите дефинитивно зборуваа за Лионел Меси и неговиот хет-трик во 5:2 победата на Камп Ноу.

Но, не само тоа. Меси вечерва постави нов рекорд во Шпанија. Тој го постигна својот 35 хет-трик во Ла Лига и го мина Кристијано Роналдо, кој има еден помалку на вечната листа.

Ова е четврти хет-трик на Меси во 2019 година.