Ентони Џошуа му се одмазди на Енди Руиз за поразот пред шест месеци и вечерва си ги врати во свој посед титулите светскиот шампион во ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите.

Џошуа до победата дојде по одлука на судиите по 12 борби. Тој нападна од самиот старт, беше доминантен во текот на целиот меч и уште во првата рунда му ја расече аркадата на Руиз.

За Џошуа ова е 23 победа во 24 меч во кариерата, додека Руиз го забележа вториот пораз во 35 професионална борба.

Неофицијално веднаш по мечот тие најавиле и трет меѓусебен дуел.