Поради дечкото ја напушта кариерата?! Анастасија Ржнатовиќ ги изненадила признавајќи

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради дечкото ја напушта кариерата?! Анастасија Ржнатовиќ ги изненадила признавајќи

Анастасија Ражнатовиќ е на самиот почеток на кариерата, но сепак, како што самата истакнала, подготвена е се откаже поради љубов.

Да потсетиме, младата пеачка во јули минатата година го издала дебитантски синг “Совршен пар“, а потоа втора песна “Рани“, осум месеци подоцна.

На прашање на новинар дали, доколку би била во ситуација, да одбере брак и кариера, Анастасија истакнала:

- И кариерата и љубовта ми се важни, но кога би дошло до тоа да морам да одберам, ќе го одберам оној кој ми е пријател, подршка, љубов и животен сопатник. Тоа е нешто што го ставам пред се, како што го ставам семејството и пријателите.

Покрај тоа, Ражнатовиќ открила дека е при крај со работа на новиот албум како и екранизација на сите песни, и дека публиката сето тоа ќе може да ги слушне и види на печеток на следната година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата