Нов бундеслигашки дуел на македонските интернационалци во кој Жарко Пешевски и Штутгарт славеа со 28:27 (15:15) на гостувањето кај Вецлар на Филип Миркуловски.

Пешевски одигра одличен меч и беше човекот за одлука, кој со својот трет погодок (од три обиди) донесе предност од 28:26 за Штутгарт и гол, кој подоцна значеше и победа.

Миркуловски на овој натпревар имаше два погодоци од четири обиди.