(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Според информациите од албанските медиуми, киднаперите барале 250 илјади евра.

Во рамки на полициската акција, уапсени биле двајца жители на Тирана на возраст од 41 и 42 години, а како што се пренесува, од слобода ќе се брани 50-годишник од Струга.

На уапсените им е одредена мерка притвор.

„Тројцата осомничени во соработка уште едено лице кај планината Фарка, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В. (23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра“, стои во полициското соопштение за настанот кое го пренесуваат албанските медиуми.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата