Твиги: Кардашијан се виновни што денес ЖЕНИТЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО ВЕРВЕРИЦИ

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Твиги: Кардашијан се виновни што денес ЖЕНИТЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО ВЕРВЕРИЦИ

виги е една од најлегендарните манекенки кои некогаш се појавиле. За неа може да се рече дека е модна икона на 1960-тите и веројатно предводник на сите супермодели што ќе дојдат после неа.

 Со нејзиното појавување се поставија нови стандардни на убавина, па оттогаш на пистата гледаме слаби модели, со андроген изглед - комплетна спротивност на дотогашните убавици со облини, меѓу кои и Мерилин Монро, Брижит Бардо...

Иако нејзиното име се спомнуваше и во негативен контекст, особено оние што беа слаби беа нарекувани „Твиги“.

Но, некогашниот модел денеска изгледа одлично и задоволна е со себе. 

 Неодамна даде интервју за магазинот „Платинум“, каде зборува за платичните операции и козметичките зафати кои денеска се мошне застапени кај жените. Се користат толку често, како некогаш и кремите против брчки.

Исто така, вели дека да требала денес да стане модел, веројатно не би се снашла добро.

„Мислам дека тоа е така најмногу поради тоа што никако не ми се допаѓа како денес изгледаат манекенките и манекените. Имаат премногу пластични операции. Не ги сакам тие филери кои на луѓето им ги пумпаат лицата. Сите изгледаат како верверици“, категорична е  70-годишната Твиги.

 На податокот дека последните години бројот на зафати како филери во усни или Ботокс пораснал и тоа не само кај средовечните или повозрасни жени, туку и оние помладите, а причината е што постои масовен тренд да се постигне изгледот на сестрите Кардашијан. 

Од 2016 до сега, бројот на зафати пораснал за 41%. Како пренесува „Би-би-си“, индустријата е вредна околу 2.75 милијарди фунти.

 А на прашањето зошто луѓето сакаат да изгледаат така, Твиги ќе рече:

„Поради Кардашијан, нели? Тие придонеса за трендот, за кој сметам дека ниту е убав, ниту е привлечен“, вели 70-годишната моделка.

 

Инаку, за потсетување, таа од модниот свет се повлече кога имаше 21 година, по што се посвети на актерството. Во интервјуто за споменатиот магазин, изјави дека никогаш не доживеала некој да ја искористи или сексуално злостави, како во случајот со многуте жени кои прозбореа со #MeeToo движењето.

-Одеднаш дознавме сенешто за тие ужасни мажи кои правеле одвратни работи. Мене никогаш не ми се случило затоа што мислам дека никогаш не бев сама. Секогаш имав некој во придружба. Никогаш никој не ми се додворувал. Имав среќа, бидејќи бев невина тинејџерка и мошне “зелена“, наивна. Сепак, запознав неколку ужасни фотографи, а меѓу нив беше и еден мошне познат. Во времето кога почнував ми рече дека сум премногу млада и „да му се вратам кога ќе станам жена“. Излегов, лиев солзи како дожд, се чувствував ужасно. Тој беше ужасен човек - изјави Твиги.

 

А со својата изјава предизвика бројни коментари - од оние кои се согласуваат со нејзиното мислење, до оние кои сметаат дека сестрите Кардашијан изгледаат убаво. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата