Наполи одамна се прости од титулата, но сега се обидува барем да избори место во ЛШ идната сезона. Но тоа тешко им оди затоа што „пуштаат“ бодови секому. Денеска одиграа 1:1 во Удине.

Ласања го донесе Удинезе во водство во првото полувреме, а Наполи изедначи преку Зелински во вториот дел. Македонските интернационалци не се пресметаа еден против друг. Тие останаа на клупата за резерви.

Наполи е дури седми на табелата и доцни седум бода во однос на шестото место кое води во квалификациите за Лига Европа!

А Удинезе со овој бод малку го поправи бодовното салдо и ја прекина мини серијата од два порази.