(Видео) Вучиќ ги претстави новите руски воени хеликоптери, нарекувајќи ги „ѓаволски кочии“

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Вучиќ ги претстави новите руски воени хеликоптери, нарекувајќи ги „ѓаволски кочии“

Српската војска денеска ги претстави новите хеликоптери купени од Русија, а на церемонијата на воениот аеродром во Батајница кај Белград присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја оцени набавката како значително засилување на перформансите на српската армија.

Вучиќ рече дека новите хеликоптери „ми-35“, „Х145М“ и „ми-17“ се набавени затоа што тоа го овозможила значително подобрата состојба во државниот буџет, а исто така истакна и дека биле купени со добар попуст и олеснувања овозможени за Србија од руска страна, пренесе „Индекс“.

Тој им се заблагодари на како што кажа, руските пријатели, велејќи дека станува збор за моќни машини и најсовремени европски и руски хеликоптери, кои многумина ги нарекуваат „ѓаволски кочии“, но нагласи дека овие воени летала ќе се користат како чувари на Србија.

„Кога ќе погледнете како изгледаат овие машини, ви станува јасно зошто за нив се вели дека се страв и трепет и зошто некои ги нарекуваат ѓаволски кочии. За нас, тие се чувари на нашата земја и небо“, нагласи српскиот претседател.

Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред рокот, а во Белград беа транспортирана со товарен авион на руската армија два дена пред средбата на Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4. декември.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата