ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ: Во Грчец е пукано врз полицијата - ФАТЕНИ СЕ НАПАЃАЧИТЕ, ПРЕТРЕСИ КАЈ ШЕФОВИТЕ НА НАРКО КЛАНОВИТЕ

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ: Во Грчец е пукано врз полицијата - ФАТЕНИ СЕ НАПАЃАЧИТЕ, ПРЕТРЕСИ КАЈ ШЕФОВИТЕ НА НАРКО КЛАНОВИТЕ

Полицијата уапсила десет лица утринава на повеќе локации во Ѓорче Петров, Арачиново, Грчец, Чаир, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар, а дел од уапсените се поврзани со неодамнешната престрелка во Александар Палас“. Шестмина од нив се од Грчев, четворица од Арачиново.  

Вечер.мк дознава дека во с. Грчец отворен е оган кон полицијата, но специјалците на МВР успеале да ги фатат трите лица кои пукале и тие се уапсени. Нема ранети полицајци.

Извршени се претреси кај Шеваљ Муареми во Грчец, во Батици кај Арслам Реџепи викан Репки, во Бутел кај Камер Идризи, кај Фатљум Ајети викан Тоте (на покојни Џељо малиот), потоа кај Африм Сулимани и Орхан Бајрами од Дуќанџик. Претреси вршени се и кај газдите на кафулето Фонтана во Мавровка, а во Визбегово и кај автомеханичар кој им ги одржувал колите на “пилотите и падобранците“.

Оние т.н. команданти на нарко-клановите се во бегство и за сите до еден се распишани централни потерници.

По наредба на обвинителство и Судот, им се води истрага за организирана група која извршувала  насилен криминал, МВР потврди дека се товарат за трговија со дрога и оружје, а се очекува да се отвори и финансиска истрага за перење на пари.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава се пожали на односот на обвинителството кое при неодамнешната акција не побара притвор за уапсените кои беа дел од вооружениот инцидент во Александар Палас. Тие поминаа само со одземени пасоши и обврска да се пријавуваат во судот еднаш неделно.

Ќе биде интересно во вторник, бидејќи оние кои беа уапсени преходниот пат треба да се јават во вторник на Суд (понеделник е неработен ден). Дали ќе се појават или не, не се знае, со оглед на фактот дека и за нив, како и за останатите уапсени денеска – ќе се бараат мерки притвор. Веројатно нема да може да се потпишат на шалтер.

Утрово во 5 часот, СВР Скопје во содејство со Одделот за сузбивање на организан и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје спроведе координирана полициска акција насочена кон лица можни членови на криминални групи кои делуваат на подрачјето на СВР Скопје, а по документирани кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста спрема службено лице“, како и сомненија за инволвираност во вршење на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Притоа, врз основа на судски наредби, извршени се претреси на 34 локации во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела. При претресите биле пронајдени и одземени патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми различен калибар, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео назвор, мобилни телефони со сим картички, пари во различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и др – изјави Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер.

Пред и за време на акцијата, а поради сомнение за инволвираност во наведените кривични дела од слобода се лишени лицата Ф.Л.(47) од с.Грчец, општина Сарај, М.Љ.(38) од с.Грчец, Е.П.(43) од с.Арачиново, Б.А.(34) од с.Арачиново, Ш.М.(28) од с.Арачиново, Ш.М.(34) од с.Арачиново, Ќ.Љ.(28) од с.Грчец, Н.С.(56) од с.Грчец, И.С.(29) од с.Грчец и Ј.С.(30) од с.Грчец.

Меѓу уапсените е и полицаецот Љатиф кој седел со “падобранците од Грчец“ при вооружениот инцидент во “Александар Палас“.

Исто така, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред започнување на акцијата, на 06.12.2019 во 21.20 часот на ул.„Јадранска Магистрала“ од слобода е лишено лицето И.С.(27) од с.Крушопек, за кое е утврдено дека се бара по централна потерница по член 215 од Кривичниот законик за издржување на казна затвор.

Воедно, во текот на вечерта од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на ул.„Македонска преродба“ се пронајдени 1,5 килограми марихуана.
 

Активностите на МВР во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата