Заев ги навреди Србија, Косово, Ирска, Финска, Кипар, Малта, Шведска, Австрија, Русија, Кина (ВИДЕО)

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев ги навреди Србија, Косово, Ирска, Финска, Кипар, Малта, Шведска, Австрија, Русија, Кина (ВИДЕО)

Нов голем дипломатски гаф на премиерот Заев од трибината на СДСМ во Битола.

Зборувајќи за НАТО Заев рече дека тоа што ги поврзува сите 30 членки на НАТО е демократијата.

Според него во НАТО членуваат само демократски држави а сите други земји кои што не се членки на алијанската се режими и диктатури, пишува Експрес.мк

Со тоа премиерот ги навреди и Србија, Косово и Босна и Херцеговина во регионот но и некои земји кои се познати по своите високи демократски стандарди како Австрија, Финска, Шведска, Ирска, Малта и Кипар кои се членки на ЕУ но од различни причини не дел од алијансата.

Пораката од Заев сигурно ќе стигне и до Москва, Пекинг, Њу Делхи и други светски градови за кои што може да се зборува за недостаток на демократски стандарди од западен тип но никако не смее еден премиер јавно да кажува која држава е а која не е демократија.

Русија и Кина се членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Видеото на експрес.мк во кое Заев кажува кои се демократски држави

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата