Екипата на Борусија Менхенгладбах остана на чело на табелата во Бундес лигата откако денеска со пресврт го совлада бранителот на титулата Баерн Минхен со 2:1. Во дербито на колото „Менш“  славеше со головите на Бенсебаини (едниот во 92 минута од пенал) поништувајќи го водството на Перишиќ на почетокот на вториот дел. Борусија гази во шампионски ритам. Има 31 бод, а тоа е најдобра нивен ефект во 14 кола уште од сезоната 1976/77 кога во истиот период имале 33 поени, а таа сезона ја освоиле титулата.

А РБ Лајпциг продолжува да го притиска тимот од Менхенгладбах. Денеска го победи Хофенхајм со 3:1 на домашен терен благодарение на двата гола на Вернер и еден на Сабицер. Борусија Дортмунд, конечно, одигра како што треба. На домашен терен ја „убија“ Фортуна Дизелдорф со 5:0. Марко Ројс и Џејдон Санчо реализираа по два гола, а еден даде Торган Азар.

Во другите натпревари Аугзбург славеше против Мајнц со 2:1, додека Фрајбург го победи Волфзбург 1:0.

Standings provided by Sofascore LiveScore