Николоски, Мисајловски и Јанушев кај Чавушоглу: ПО ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, ЌЕ СЕ СОРАБОТУВА НА ОВИЕ ПОЛИЊА

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски, Мисајловски и Јанушев кај Чавушоглу: ПО ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, ЌЕ СЕ СОРАБОТУВА НА ОВИЕ ПОЛИЊА

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ е во Истанбул, Турција, на средби со Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.

Денес во Истанбул, Република Турција остваривме средба со Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.
На средбата се разговараше за односите и соработката на АК партијата од Турција и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација.
На средбата стана збор и за односите меѓу Македонија и Турција. Се констатираше дека односите се добри, но е потребно подобрување особено во делот на економската соработка и инвестициите. ВМРО-ДПМНЕ планира по победата на изборите да работи силно на привлекување инвеститори.
Се разговараше и за турската заедница во Македонија како и за културите односи меѓу Македонија и Турција. Се истакна дека постои простор за дополнително продлабочување.
Се нагласи дека членството на Македонија во НАТО ја засилува соработката со Турција. Се потенцира потребата од реформи со цел Македонија да почне преговори со ЕУ.
Беше констатирано дека соработката меѓу АК партијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во идниот период, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на ФБ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата