МЗТ Скопје во своите редови донесе засилување од Србија. Станува збор за Ѓорѓе Милошевиќ, екс член на младинските селекции на Србија. Има 26 години, висок е 200 сантиметри, а потпиша договор со „металците“ до крајот на сезоната.

Милошевиќ игра ниско крило, и на позиција бек – шутер. Тој во минатото играше за Хемофарм и Игокеа. Има настапи и против МЗТ во АБА лигата.

Со репрезентацијата на Србија има сребро во категоријата јуниори на ЕП 2011 година, и бронза на ЕП 2009 во кадетска конкуренција.