iPhone моделите во 2021. година нема да имаат ниту еден порт

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
iPhone моделите во 2021. година нема да имаат ниту еден порт

Тврдењето на реномираниот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо предвидува дека за две години, актуелните модели на iPhone нема да имаат ниту еден порт. Поточно, според овој аналитичар, моделите на Apple, кои ќе бидат претставени во 2021 година, ќе обезбедат комплетно безжично искуство.

Ако може да се верува во оваа информација, тоа би било огромна промена за Apple. Иако поновите генерации на телефони се помалку се потпираат на физичката поврзаност, преминувањето целосно на wireless ќе биде голем „шок“ за технолошката индустрија, што ќе влијае на многу компании – првенствено се мисли на производителите на полначи и кабли.

Куо, даде и некои информации во врска со иднината на производите на Apple  за 2020 година. Тој рече дека можеме да очекуваме пет нови телефони. Првиот ќе биде iPhone SE 2 со 4,7-инчен LED екран, кој ќе биде многу сличен на iPhone 8. Покрај него, можеме да очекуваме уште четири OLED iPhone-и,  кои сите треба да имаат поддршка за 5G конекција. Двата топ модела би можеле да имаат трострука задна камера, како и екрани од 6,1 и 6,7 инчи, така што би можеле да кажеме дека тие би биле замена за постојните модели iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max. Исто така, се очекува малку поевтин модел со двојна задна камера, кој би бил сличен на стандардниот модел на iPhone 11. Сепак, оваа варијанта може да дојде и во две димензии, со екрани 6,1 и 5,4 инчи.

Извор: PC Press.rs

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата