Во ера на дигитални вести - Бујар Османи САКА ДА СИ ЛАЖЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА? (ДЕТАЛИ ОД ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА)

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во ера на дигитални вести - Бујар Османи САКА ДА СИ ЛАЖЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА? (ДЕТАЛИ ОД ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА)

Откако денеска Венецијанската комисија го усвои извештајот за Законот за јазици, вицепремиерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави свое толкување на истиот.

-Венецијанската комисија штотуку го одобри извештајот за Законот за Јазици. Во кратки црти:
– Комисијата нема мадат за оцена на уставноста, тоа е прашање на земјата;
– Комисијата ја поздравува пошироката употреба на албанскиот јазик;
– Комисијата смета дека употребата на двојазичноста во банкнотите и униформите на војската е пракса во неколку земји и не е во спротивност со меѓународните норми;
– Комисијата го омекна вордингот по онос на спремноста на администрацијата за двојазичност во судството додавајќи го зборот МОЖЕБИ нема капацитети и бара наша флексибилност;
– Комисијата смета дека глобите за непочитување на законот се превисоки и треба да се разгледаат, напиша Османи.

Инаку, Венецијанската комисија во мислењето усвоено денеска, ги повика властите на Северна Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Венецијанската комисија, додека ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците, таа оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата