Ареа ја прекинуваат паузата - ИМААТ НОВА ПЕСНА, а во спотот се појавува и ќерка им!

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ареа ја прекинуваат паузата - ИМААТ НОВА ПЕСНА, а во спотот се појавува и ќерка им!

Ареа после една година повторно имаат нова песна поткрепена со видео запис, а насловена како „Те спомнувам“. Песната е целосно авторско дело на членовите на групата - текст, музика, аранжман, снимање и продукција.

- Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар, во Градскиот парк, рок барот Pink Floyd и на сцената во Домот на културата. Режисер на видеото е Кристијан Шемко, вели Ивица Брчиовски.

Во него покрај членовите на Ареа, се појавуваат и Елена, ќерка на Ивица и Ружица Брчиоски, во улога на придружен вокал и млади артисти.

- Им благодариме од срце на Ана, Маги, Леила, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан кои направија овој спот да биде исполнет со ведрина и радост. На крајот на краиштата животот е радост и така треба и да биде- дополнува Брчиовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата