БОКИ РЕШИ ДА ПРОПЕЕ, НА УДАР ПОЛА СЈО И МИНИСТРИ ОД ВЛАДАТА

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БОКИ РЕШИ ДА ПРОПЕЕ, НА УДАР ПОЛА СЈО И МИНИСТРИ ОД ВЛАДАТА

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипче се двајца владини функционери кои биле редони гости кај Боки 13 дома, се испостави од денешните искази во судот на второто Рочиште за случајот Рекет.

Сведокот Орце Камчев се обиде да ја оправда Радмила Шечеринска дека "таа не е таква", во смисол дека не била дел од системот за рекетирање, но доколку "не е таква", зошто кога од Боки 13 и Катица Јанева имала информација дека го рекетираат Орце Камчев, истото сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.

Особено е интересно што министерот за здравство Венко Филипче имал средба со Орце Камчев кај Боки дома, во март, во време кога Камчев бил под истрага.

Во такви околности, министерот Филипче на Камчев му нудел бизниси кои Камчев ги одбил, со што јасно покажал дека нема намера да влегува во кримогени активности предожени од Боки 13 и Филипче, но исто така ова покажува дека за разлика од Камчев, Боки 13 и Венко Филипче блиско соработувале во кримогени активности. 

Од досега виденото јано е дека обвинетиот Боки 13 има намера да не пропадне сам, туку да открива и други учесници кои се дел од власта или дел од СЈО со кои соработувал. Колку ова ќе му помогне и колку ќе ја натера власта да се заземе за него во овој процес - ќе видиме.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата