Бизнисменот Орце Камчев на денешното рочиште за случајот „Рекет“ проговори за односот кој Боки 13 го имал со вработените во 1 ТВ.
Тој како пример го наведе главниот уредник Ацо Кабранов. Според Камчев, Боки 13 и Сергеј Варошлија со мутирани гласови преку телефон го малтретирале Кабранов и му се заканувале.
„Боки 13 на интерфот ги злоупотребуваше и политичарите. Го слушав како го малтретираше господинот Кабранов, па после глумеше дека го спасил“ – рече Камчев, додавајќи дека на одредени новинари од 1ТВ им давал насоки што да прават.