Уставниот суд нема надлежност да одлучува кој може да биде амнестиран за собраниските настани од 27 април. Уставните судии ја одбија иницијативата на екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за оценување на уставноста на членот 1 и 2 од Законот за амнестија. Со иницијативата Чавков тврди дека овој закон е селективен бидејќи беа опфатени 15 од вкупно 33 обвинети лица и со тоа ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Устав.

Според Уставните судии пак со највисокиот правен акт е предвидено дека амнестијата е во единствена надлежност на Собранието и судот не смее да го завзема неговото место. Сепак  повеќето од судиите, меѓу кои и претседателот на Уставен Мурати се со став дека законодавниот дом во иднина треба да води сметка и за еден ист настан да ги амнестира или сите опфатени или никој.

„Уставот несомнено му дава право на Собранието да решава кој ќе биде амнестиран, но лично сметам дека со овој закон се повредуваат темелите на нашиот уставен поредок. Како човек сум против било каква амнесија и на вакоб начин се испраќа погрешна порака и се отвара патот за нов упад во Собранието. Нема друг ваков пример во Европа и затоа смета дека ова е против нашите европски аспирации“ посочи првиот човек на Уставниот суд Сали Мурати.

Автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување денеска го одложи разгледувањето на нацрт-решението кое Уставнот суд го донесе минатата среда. Овој текст уставните судии ќе ги разгледуваат на следната седница.

Најчитани вести