Стратегот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, кој добар дел од својата кариера го мина во Македонија како тренер на Вардар и селектор на машкиот национален тим беше среќен што одново е во Битола.

„Среќен сум што сум одново во Битола. Морам да кажам дека ми недостасуваше овој град и неговите фанови. Што се однесува до мечот имавме одлично прво полувреме, но Еурофарм Работник најде начин како да одговори на нашата игра и со поддршка од одличната публика беа близу до тоа да ни одземат поен“, констатираше Вујовиќ по мечот.