Екипата на Сампдорија ја продолжува лошата серија на резултати кога гостува на Сардинија кај Каљари. „Морнарите“ вечерва беа на прагот да ја запишат првата победа на теренот на Каљари после 12 години пауза, но прокоцкаа предност од 3:1.

Каљари се крена во финишот на мечот и од огромна негатива стигна до победа со 4:3.

Фабио Кваљарела даде два гола и му асистираше на Гастон Рамирез за третиот гол, а домашните со убавиот погодок на Најнголан намалија на 1:2, а кога имаа негатива од два гола на сцената стапи Жоао Педро кој два пати го стресе гостинскиот голман. Во седмата минута од судиското продолжение Сери ја донесе победата на „црвено-сините“.

Конечни 4:3 со кои Каљари ја продолжи успешната резултатска серија. Имено оваа екипа нема пораз 12 првенствени натпревари по ред (осум победи и пет нерешени). Тоа им се случува за првпат после февруари 1972 година кога запишаа 14 такви натпревари во Серија А.

Standings provided by Sofascore LiveScore