ДЕТАЛИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ВЕЧЕРВА: Еве кои се петте УАПСЕНИ (ФОТО)

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ВЕЧЕРВА: Еве кои се петте УАПСЕНИ (ФОТО)

Пет лица вечерва се уапсени во брза акција на специјалните полициски единици во хотелот Александар Палас.

Се работи на расчистување на вооружената пресметка која се случи викендов, во која две криминални нарко групи со автоматско оружје се обидоа да се пресметаат меѓу себе. 

Според неофицијалните информации со кои располага порталот Вечер, уапсените вечерва се: Африм Сулимани, Јетон Кривањева викан Жила, Крамер Идризи, Оливер Петров, Орхан Бајрами. 

На насловната слика, од лево кон десно се: Крамер Идризи, Орхан Бајрами, Јетон Кривањева, па Н.Н. лице, Африм Сулејмани, и Енсар Исени кој бил меѓу нападнатите викендов.

Од лево кон десно: Орхан Бајрами, Африм Сулимани, Јетон Кривањева Жила

Тие, според неофицијалните информации, се дел од нападната група викендов, заради која и започнал вооружениот инцидент.

Напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.

Напаѓачите успеале да избегаат, а нивното возило Туарег и оружјето, како што јави АлсатМ, пронајдени се запалени во скопско Арачиново.

Десно на сликата е Оливер Петров, викан Ули

 

Уапсените вечерва се однесени во неколку полициски станици.

Во полициската станица Карпош приведени се на распит двајца од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас. Други двајца од оштетените утрово биле на распит, дознава Телма. 

Приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив, неофицијално дознава Телма.

Африм Сулимани е десно на сликата

Вечер.мк прв објави детали за пукањето викендов, прочитајте во продолжение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата