Лионел Меси по рекорден шести пат ја освои „Златната топка“ наменета за најдобриот фудбалер на светот за 2019 година. Аргентинецот победи во конкуренција на Ван Дајк, Роналдо и Садио Мане кои влегоа во потесниот круг.

Меси ја прими „Златната топка“ од Лука Модриќ, минатогодишниот освојувач, а тој ја додаде новата награда до петте претходни освоени во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015. Зад Меси останата Кристијано Роналдо кој има пет вакви трофеја.