Бразилскиот голман Алисон Бекер е прогласен за најдобар голман на светот за 2019 година на 64 издание на доделувањето на наградите за најдобрите фудбалери од страна на угледниот француски спортски магазин „Франс фудбал“.

За него останаа германскиот голман од Барселона Марк Андре Тер Штеген и другиот бразилски голман Едерсон кој игра во Манчестер Сити.

„Благодарам за оваа чест. Им благодарам на сите што гласаа за мене. Им благодарам на одличните фудбалер што се присутни во салата и на фантастичните напаѓачи со кои водам голема борба да го сочувам голот. Ова е одлична награда за мене во силна конкуренција“, изјави Алисон.