Ајакс е познат како расандик на млади фудбалери. Ги крева во височини, ги пушта во други клубови, но секогаш има нивна замена. Така најмоќната академија во светот на фудбалот може да се пофали со уште едно име. Во неделата за првиот тим на Ајакс дебитираше Ноа Ланг кој има потекло од Суринам. Ајакс го победи Твенте со 5:2, а овој 20-годишен фудбалер постигна хет-трик.

Но не само што реализира три гола во првиот старт за „копјаниците“ туку запиша и една асистенција. Интересно, Ајакс губеше со 2:0, но го сврте мечот и победи со 5:2.