ПОЛИЦИЈАТА ЧИСТИ КРИМИНАЛЦИ: 5 уапсени во Александар Палас

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЛИЦИЈАТА ЧИСТИ КРИМИНАЛЦИ: 5 уапсени во Александар Палас

Пет лица се уапсени  вечерва од специјалните полицики единици. Во тек е голема полициска акција во скопски  Карпош, во хотелот „Александар Палас“ каде што пред два дена се случи престрелка помеѓу две криминални групи.

Повеќе полициски џипови со припадници на ЕБР го  вршат апсењето на лицата кои што во моментот биле во „Александар Палас“.  

Силно полициско обезбедување е во целата населба каде што се врши контрола на возилата во тој дел.

Да потсетиме пред два дена во хотелот Александар Палас се случи вооружена пресметка помеѓу де криминални нарко групи.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата