Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер ќе биде првата жива личност чиј лик ќе се најде на монета во Швајцарија. Тамошните власти објавија дека ликот на 20-кратниот освојувач на гренд слем титули ќе се најде на сребрена монета од 20 швајцарски франци и ќе биде издадена на 23 јануари идната година. Подоцна ќе биде издадена и златна монета со неговиот лик од 50 франци.

Сребрената монета ќе се продава во лимитиран број од 95,000 монети, а ќе чини 30 швајцарски франци. Златната монета ќе чини помеѓу 40 и 60 швајцарски франци.

Ова е нова голема чест која ја приредува Швајцарија за својот најпопуларен спортист. Во 2007 година Федерер се најде на поштенска марка издадена од пошта во Базел каде што тенисерот израснал.