Ако нешто е сигурно, тоа е дека вечерва Кристијано Роналдо нема да биде прогласен за најдобар фудбалер за 2019, и дека наградата „Златна топка“ ќе оди кај некој друг, веројатно кај Меси, неговиот архи – ривал.

Неофицијални информации велат дека тој пред неколку денови им се пожалил на своите пријатели во Реал Мадрид  за тоа каква катастрофална грешка направил што од Реал заминал во Јуве. Дури сега сфатил што значи гламурот на „кралевите“, што значи да се ѕвезда на Реал и ѕвезда на Јуве. Јасно му било дека кога и не заслужувал, пи-арот на “кралевите“ му ги носел наградите.

Да, јасно е дека Јувентус е светски клуб, најголем во Италија, но Роналдо дури сега сфатил што значи да играш пред 90.000 гледачи на спектакуларниот „Сантијаго Бернабе“ и на „стадиончето“ во Торино кое собира едвај 40.000 фанови. И затоа Меси ќе ја освои „Златната топка“, а Роналдо ќе остане со празни раце. Сега Флорентино Перез е фраерот, тој секогаш добива.

И на крај, дури сега Роналдо сфатил зошто Модриќ лани ја освои „Златната топка“. Секоја чест за Модриќ, но нели требаше некој од Франција да ја освои таа престижна награда како светски првак.

Па, Модриќ игра кај Флорентино…

А Роналдо нека продолжи да се радува на головите од пенал против некој си Сасуоло…