СДСМ: Мицкоски брани криминал, нелегалната аболиција на Иванов мора да се затвори

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Мицкоски брани криминал, нелегалната аболиција на Иванов мора да се затвори

СДСМ се бори правдата да биде задоволена, граѓаните очекуваат правда, само за Христијан Мицкоски правдата е нејасна или е грешка, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„Се е јасно, нелегалната аболиција на Иванов мора да се затвори и да се обезбеди одговорност пред законите за сите што ги прекршиле. Во името на заштитата на правдата СДСМ ги повика сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ за да се затвори нелегалната аболиција. Потоа може да се дискутира и за други предлози“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите оценуваат дека „последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата