Членови на две семејства се тепале на пазар во Струмица

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Членови на две семејства се тепале на пазар во Струмица

Против седум лица, сите од селото Баница, полицијата поднесе кривична пријава поради насилство.

Од МВР информираат дека станува збор за членови на две семејства, кои денеска на пазар во во Струмица учествувале во физичка пресметка, при што со повреди се здобиле тројца од нив.

Тие се тепале и пред неколку дена, во атарот на селото Раборци.

Лицата се на возраст од 18 до 48 години.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата