Две семејства се испотепале на пазарот во Струмица - кривични за седум лица

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две семејства се испотепале на пазарот во Струмица - кривични за седум лица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(48), К.Р.(21), А.Р.(27), В.Р.(36), И.Р.(41), К.Р.(18) и А.Р.(39), сите од село Баница, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.11.2019 година на пазар во Струмица пријавените учествувале во физичка пресметка на членови од две семејства, при што со повреди се здобиле лицата Г.В., К.Р. и В.Р. Тие и претходно, на 31.10.2019, во атар на село Раборци, учествувале во физичка пресметка помеѓу двете страни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата