Боки 13 се врати во „Шутка“, апелација решава за притворот

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13 се врати во „Шутка“, апелација решава за притворот

Каде завршија милионите од Луј Витон торбата, како ќе се брани екс специјалната обвинителка Катица Јанева но и Зоран Милески Кичеец, и што тој кажал во истрага се прашањата на кои јавноста очекува одговори.

Судењето за случајот Рекет започнува утре а случајот е во рацете на судијката Васка Николовска Масевска. Јанева и Милески Кичеец ќе бидат спроведени од домашен притвор. Која ќе биде стратегијата на одбраната на екс шефицата на СЈО нејзините адвокати не откриваат, но велат едно е сигурно – Јанева нема да признае вина.

-Нема докази против нашиот клиент. Јанева во текот на судската постапка ќе докажува дека Русковска нема докази кои укажуваат на тоа дека таа го сторила кривичното дело за кое Обвинителството ја гони.- Дељо Кадиев – Адвокат

Исказ во истрагата не даде ниту Јанева, ниту првообвинетиот Боки 13. Тој од вчера е вратен од болница во затворот во Шутка, а и покрај најавите Апелација денеска нема да одлучува за притворот, туку тоа ќе го прави во следните денови..

Со оглед дека станува збор за притворски предмет, неговиот адвокат Сашо Дуковски очекува забрзана динамика на рочишта.

Во случајот обвинет е и Зоран Милески Кичеец, но засега ниту тој не размислува да признае вина. Како ќе ги побива доказите на обвинтиелството, неговиот адовкат Александар Новаковски не открива.

Обвиненито што ќе се прочита утре е на три страници. Сижето е дека Јанева ја искористила положбата и во содејство со Боки 13 зеле 1,5 милиони евра од Орце Камчев, а за возврат СЈО требало да го солободи од гонење во случајот Империја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата