(Видео) Ѝ се заглавила потпетицата на педалот за гас и се забила во излог во Бања Лука

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Ѝ се заглавила потпетицата на педалот за гас и се забила во излог во Бања Лука

Сообраќајна незгода се случила на кружен тек во Бања Лука кога автомобил се забил во излогот на продавницата, а причината за несреќата е што на девојката зад воланот ѝ се заглавила потпетицата од чизмата, па не можела да ја извади од педалот за гас.

Портпаролката на полицијата во Бања Лука, Даниела Мучибабиќ изјави дека полицијата го добила извештајот и дека повеќе информации за инцидентот ќе бидат познати откако ќе се изврши увид, пренесува „Независне“.

Се наведува дека нема повредени и е направена поголема материјална штета на автомобилот и на објектот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата