Loading..

Intel го обвинува Qualcomm за својата актуелна ситуација, која доведе до тоа компанијата да излезе од пазарот на мобилни процесори. Intel тврди дека Qualcomm ја искористил својата сила и предноста над Intel, спречувајќи чиповите на познматиот производител масовно да бидат прифатени од страна од производителите, што на крајот доведе до гаснење на дивизијата на компанијата со мобилни чипови.

„Инвестиравме милијарда долари, ангажиравме илјада работници, купивме две компании и изградивме иновативни производи кои се имплементирани во смартфоните на Apple, вклучувајќи ги и најновите iPhone 11 модели. Меѓутоа, после се, Intel не можеше да ги надмине вештачките и непремостливи пречки кои ги креираше Qualcomm и беше приморан да го напушти пазарот во текот на оваа година“, стои во соопштението на компанијата Intel.

Во текот на јули, Intel објави дека и го продава својот бизнис со модемите за телефони на компанијата Apple за милијарда долари. Intel и натаму е во позиција да продава 4G LTE модеми во компјутерите, но објави дека го сопира развојот на 5G модемот истиот ден кога Apple и Qualcomm објавија дека постигнале договор околу своите долгогодишни проблеми.

5G PC уредите на Intel ќе имплементираат MediaTek 5G модеми, но тие нема да се појават на пазарот пред 2021. година.

 

извор: USB.mk

Најчитани вести