Странските директни ИНВЕСТИЦИИ ВО ЛЕР: Поголем ОДЛИВ ОД ПРИЛИВ во 2019 година

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Странските директни ИНВЕСТИЦИИ ВО ЛЕР: Поголем ОДЛИВ ОД ПРИЛИВ во 2019 година

Капитал вреден околу 131 милион евра влегол во земјава во деветте месеци годинава. Толку изнесуваат странските директни инвестиции во трите квартала и ако се суди по оваа бројка годината ќе заврши доста полошо од минатата. Имено во 2018 година странските директни инвестиции во земјава беа 614 милиони евра, што беше еден од подобрите резултати во последните години, анализира Фактор.

Ако се анализираат податоците за овие девет месеци, лошиот резултат се должи на високата сума која е запишана на име повратно вложување. Имено, според статистиката на Народната банка од јануари до септември годинава по овој основ од Македонија се излеале над 262 милиони евра. Директните вложувања во земјава се помали односно изнесуваат 169 милиони евра.

Владата очекуваше годинава да има барем сличен прилив на странски инвестиции, особено што кога се правеа прогнозите имаше шанси земјава да добие датум за преговори со Европската Унија и годинава да стане членка на НАТО. Очекувањата не се остварија целосно, а останаа надежите. Вицепремиерот Кочо Анѓушев уште на крајот на првиот квартал објаснуваше дека резултатот е полош поради тоа што компаниите испорачале стока, но до тој момент не е наплатена.

Инаку по години, ако во 2018 имаше рекорд, претходната 2017, влезот на странски директни инвестиции беше само 182 милиони евра. Во 2016 година пак изнесуваа 339 милиони евра, а претходната само 216 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата