Додека Тито умирал, испиле 200 л. алкохол, и изеле неколку свињи

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека Тито умирал, испиле 200 л. алкохол, и изеле неколку свињи

Тито во УКЦ во Љубљана поминал четири месеци каде што и почина, но вистината конечно излегува на површина.

Во подземниот трезор на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, во кој на 4 мај 1980 година почина Јосуп Броз Тито, откриени се фасцикли со документација кои фрлаат ново светло на последните месеци од животот на југословенскиот маршал и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во некогашната СФРЈ.

Спрема пишувањата на љубљанските медиуми, во повеќето од пронајдените документи се открива што се е платено за врме додека Тито и неговиот персонал престојувале во болницата во Љубљана.

За само еден месец изедено е:

100 кг. свинско месо, 31 кг. беби-биф, 18 кг. бузџоле (месо од телешки врат), повеќе од 15 кг. пршута и 90 кг. конзервирана шунка. Во истиот период од еден месец платени се 91 шише виски, 20 рум, 11 вотка и 100 л. вино, а спрема една сметка, нарарачани се 700 торти, 200 ролати, 200 крофни.

Лечењето на Тито го платила тогашна Социјачистичка Словенија, и тоа во износ од 2.100.000 динари, а го лекувал конзилиум лекари од кои тројаца биле од Словенија, по еден од САД и Русија.

Последните четири месеци Тито ги поминал во УКЦ во Љубљана. Познато е дека не ги слушал лекарите и дека не сакал да се откаже од омилената храна и пијалок. Тито последните 68 дена бил во вештачка кома, прикачен на респиратор, со што јасно е дека во тој период неможел да конзумира храна и пијалоци, кои спрема пронајдените сметки, платени се во време на неговиот престој во Љубљана.

Бројки:

91 шише виски 20 шишиња рум 11 шише вотка 100 литри вино Толку е испиено за само еден месец додека Тито бил во болница.

Аутопсијата на маршалот...

Освен сметката која покажува како во тоа време се живеело во опкружувањето на Тито, пронајден е допис во кој Институтот за патологија пресметал дека обдукцијата на Тито чинела 33.473 динари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата