ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕГА ОД ИЗБОРИ - ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Собранието за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО

1.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕГА ОД ИЗБОРИ - ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Собранието за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можно одложување на изборите заради гласањето на протоколот за НАТО во Шпанија, изјави дека тоа не може да биде пречка за одложување на избори, бидејќи македонското Собрание може да изгласа протокол пред да изгласа Шпанија, како што е примерот со Црна Гора.

Мицкоски вели дека тоа на СДСМ им е изговор затоа што се исплашени од катастрофалниот пораз на 12 април и се обидуваат шверцерски на мала врата да протуркаат некакво одложување со изговор ратификувањето во рамките на Шпанскиот парламент и би било некаква пречка.

„Ќе предложам до пратениците во текот на следната недела да до Собранието достават иницијатива за ратификување на протоколот со одложено дејство, по принципот на тоа што го направи една друга членка на НАТО алијансата, а тоа е Црна Гора што го ратификуваше протоколот пред тој да биде ратификуван во САД. Ајде да видиме дали пратеничката група на СДСМ, дали Зоран Заев се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април и свесни се дека ништо не направија овие три години. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата и еден ден да бидеме дел од ЕУ.“ потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека  следната недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот и со тоа предвремено ратификување на Протоколот да имаме одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат таа процедура по принципот на тоа што го направи Црна Гора во минатото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата